Македонскиот пејач Драган Величковски познат како Тајзи, периодов направи нешто на кое би му подзавиделе и светските ѕвезди – во само две недели промовираше три нови песни:„Мој живот, моја ствар“ – отпеана на српски, дуетот со Викторија Лоба – „Каде сме ние“, и најновата тема „Параноја“, која ја промовираше на каналот на продукцијата „Балкатон“ од Србија.
Се работи за песна на македонски јазик и е вистински весел летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска.
Во иднина Тајзи најавува уште соработки со други продуценти од Шведска, зашто во моментов тие важат за едни од најактуелните и најквалитетните на светската музичка сцена.
Мастерот е на Роберт Билбилов, со кого Тајзи веќе има, а и најави повеќе нови проекти, како и песна на англиски. Видеото во стилот на „Лудиот Макс“ е во режија на Тајзи и Илија Жоговски, а спотот е снимен на археолошкиот локалитет Кокино, прилепското Мермерно езеро, како и уште неколку други локации низ Македонија.
Од продукцијата „Балкатон“ најавуваат многу настапи низ земјата и регионот и велат дека соработката со Тајзи е само почеток на нешто поголемо кое следува во иднина.
Во продолжение погледнете го „Параноја“ – новото видео на Тајзи, во кое главната женска улога ја има ТВ водителката и модел, Николина Славковска.