По написите дека Јелена Карлеуша на 7 јануари Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, медиумите пишуваат дека фудбалерот добил забрана да и се приближува на Карлеуша во следните 30 дена.
По овој повод, се огласи и Тошиќ.
-Почитувани следбеници, пријатели и медиуми. Вообичаено не сакам да се огласувам по повој повод бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела.Го следев она што го објавуваат повеќето медиуми и затоа сум принуден да се обратам на овој начин.
– Како што гледате, секаде сум претставен како насилник и сум полошата страна во секој наслов.
Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаете дека и овој пат ќе останам доследен на себе, ќе чекам да помине ветерот против мене,- напиша Душко во соопштението.
За потсетување, на Божиќ српските медиуми пишуваа дека Душко ја плукнал Карлеуша и удрил шлаканица, па таа наводно го пријавила во полиција.
фото: инстаграм/душко тошиќ/карлеушастар