Тома Здравковиќ зад себе остави две деца – ќерката Жаклина и синот Александар. Тома се женел четири пати, а од бракот со Олгица ја добил ќерката Жаклина.
Од вториот брак со Гордана, Тома го добил синот Александар. Тој сега живее во Торонто, каде што се запознале неговите родители. Гордана и Аца беа со пејачот до последниот ден од неговиот живот.
Физички Александар многу потсетува на Тома во помлади госдини. Поединци велат дека е пресликан татко му.
„Кога ќе дознаат чиј син сум, прво ме прашуваат како сум растел со него. Се претставував како Александар Саша, за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ. Бев премлад кога татко ми умре, а дури подоцна сфатив колку значи за музиката и другите луѓе и што остави зад себе. Дури на 16-17 години, кога почнав да се заљубувам, почнав да ги разбирам неговите песни. Наместо да одам во парк, со него одев во казино. Многу млад видов многу работи. Не знаев што се случува околу мене“ – рекол Александар.
Фото: Јутјуб принтскрин