Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша направи невиден спектакл пред Собранието во Белград за дочекот на Новата 2022 година, каде покрај луѓе од Србија собра и луѓе од целиот регион.
Пејачката за телграф.рс ги сподели впечатоците од нејзиниот настап.
– Навистина, тоа беше голем спектакл, мислам дека сите го пренесоа, видеа, цел Белград, целиот регион и светот виде дека Белград е центар на светот – изјави Јелена.
Сопругот на Јелена, Душко Тошиќ присуствувал на нејзиниот настап пред Собранието, како и на нејзиниот концерт во дискотеката „Касино“.
Јелена откри дали нејзиниот сопруг е горд на неа и какви се неговите впечатоци по нејзиниот новогодишен настап.
-Мислам дека секој на негово место би бил многу, многу горд бидејќи нема секој ваква жена која направи она што го направив јас. Секако, најдобро е него да го прашате, изјави Карлеуша.
фото: ата имагес