Ангела Кукавски, поранешната менаџерка на Ким Кардашијан е пронајдена мртва. Наводно се работи за убиство кое се случило за време на инцидентот во Калифорнија на 22 декември, пишува „Variety“.
Имено, нејзиното тело било пронајдено во гепек на автомобил паркиран во долината Сими, северно од Лос Анџелес.
Американските медиуми пишуваат дека полицијата го уапсила осомниченен односно нејзиното момче Џејсон Баркер.
Наводно, Џејсон ја убил во нејзиниот дом во Шарман Оакс, го ставил телото во гепек и го пренел со автомобил до долината Сими.
Инаку, Кукавски беше мајка на 5 деца и се зборваше дека била многу сакана во нејзината работа, а соработуваше и со бројни ѕвезди како што се Ники Минаж, Канје Вест.
фото: принскрин