Радио Милева паметна објава

Снеже Велков со мудра објава на социјалните мрежи: „Луѓето како храната некои вкусни, а некои бљуткави“

Снеже Велков со мудра објава на социјалните мрежи: „Луѓето како храната некои вкусни, а некои бљуткави“

Некогашната македонска водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков е активна на социјалните мрежи. За Снеже, утрата започнуваат со физичка активност.

Имено, таа на социјалните мрежи знае како вежба, тренира или вози велосипед.

Меѓутоа, Снеже знае да сподели некој здрав рецепт и да покаже дека освен одлична водителка, фитнес инструрукторка, е и одлична домаќинка.

Покрај здравите рецепти, вежбите за вежбање, Снеже некогаш знае да сподели и мудри совети, мисли, размислувања кои знаат да допрат до срцето на нејзините следбеници, пријатели.

Така беше и овој пат кога напиша еден моќен текст за луѓето:

-Луѓето како храната некои вкусни а некои бљуткави.

-Има едни треба 100 зачини да им додадеш за да ги  “соџвакаш“.

-А едни има ќе се замаскираат со ароми додатоци и зачини што откако ќе ги проголташ ќе сконташ дека ти се повраќа од нив.

-Има едни и само малце сол сакаат за да мерак ти направат .

-Едни добро лизгаат со винце,некои лепат на музика А некои и со кафе се топат.

-Има едни фини,убави за око и уста.Ама тешки за варење и ич не се за јадење.Додуше може да се зезнеш еднаш ама не и повеќепати.

-Има едни меки како кифлички ама не дај Боже да ги оставиш да се стврднат, тогаш не се џвакаат може и  заби ќе ти скршат.

-А па што има едни љути ама па вкусни,и едни горчливи ама по навика добри за стомак.

-Има и едни грозни од кои трајно развиваш алергии.

-А има едни како јаболко можеш секој ден да си ги јадеш конзумираш и никогаш не се презаситуваш и никогаш не ти е доста од нив.

-Е ама најубави се деликатесите.

-Се консумираат ретко ама квалитетно.А тој што има шанса да си има деликатес до себе мора да си го чува. Си бараат посебни услови и посебен начин на сервирање и консумирање.Неќе со пластичен прибор,неќе набрзина да се изеде си бара да се мези да се ужива.

-Генерално најубави се луѓето јаболки a највкусните луѓето деликатеси

-Сите други се “џвакаат” од што се мора.

-А вие што луѓе имате околу себе за консумација?, напиша таа во објава на Инстаграм.

Нејзините фејсбук пријатели во коментар и поласкаа дека е во право и браво за напишаниот статус.

Се согласувате ли со Снеже?

фото: принтскрин/инстаграм/снежа велков

To top