Младиот фолк пејач Орде Неделковски, која важи за еден од најнадежните машки вокали на македонската фолк сцена, неодамна промовираше нова песна и видеоспот за неа. Орде Неделковски освен што има сопствена соло кариера, тој е член на фолк групата „Круна“ која постои една година, а веќе е една од најбараните групи во Македонија.
Новата песна на младиот фолкер е насловена „Помогни ми”, а за неа музиката и текст ги напишал Драган Ристовски, аражманот го изработил Горан Мирковски, додека миксот и мастерингот се направени во „The Studio“.
Во музичката еализација на песната учествувала вистинака мала „ол стар“ музичка екипа: Ратко Даутовски на перкусии, Војче Петрушев – хармоника, Илија Филиповски на виолина, Горан Мирковски -бас и Дејвид Демир на гитара, додека придружните вокали ги испеала Сара Пројковска.
Песната која веќе го привлече вниманието на јавноста и наиде на многу позитивни коментари е визуелизирана и со видеоспот изработен во црно-бела техника, кој го потпишува веќе проверената „ИН продукција“.
Во време кога естрадната сцена заради коронапандемијата едвај опстојува, композицијата на Неделковски е огромно освежување, певлива и лесно влегува во уво, па се очекува да стане хит кој со задоволство ќе се бара и ќе се пее на многу свадби и веселби, разни прослави, свечености…
Како сето тоа звучи и изгледа, проследете од видеото во продолжение: