На сајтот кој се занимава со продажба на разни работи се појави оглас кој некои ги насмеаа, а некои воодушевија.
Имено, тој што го објавил огласот напишал дека продава брич (бикче) кој бил користен од членката на групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ.
„Со овој брич и ги избричив влакненцата од грбот на Сања пред да ја направи нејзината тетоважа.
Купувачот на овој брич ќе има шанса по купувањето да оди на пијачка со Сања и лично да се сретне со неа. Парите од оваа аукција одат во хуманитарни цели“ – стои во огласот.
Цената на бричот е 40.010 динари.
Инаку, Сања е позната како обожавател на тетоважи, па не се двоуми да го покаже тоа.
„Нема посебна причина, сакам да се тетовирам, тоа е нешто што и инаку го правам (се смее).
Имам тетоважа што сакав да ја покријам, па дојдов кај Фиќо. Оваа нема посвета, има една што ја направив на бутот, со цвеќиња, тоа е за секоја жена во мојот живот“ – изјави Сања во емисијата „Премиера“.
Каков е интересот и го купил ли досега некој бричот, допрва ќе дознаеме.
Фото: Инстаграм принтскрин/sanjalilwolf