Пејачката Катарина Грујиќ се породи пред некој ден и на свет ја донесе ќерката Катја.
Каќа вчера (19.12.2021) излезе од породилиште. Нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ дојде во болницата заедно со сестрата на Катарина со цел мајката и Катја да си ги носат дома.
-Најсреќна сум на светот. Ова чувство не може да се опише со зборови. Не можеме да кажеме на кого личи, јас се надевам дека личи на мене, а да има сини очи. Не се плашам од ништо, едвај чекам дома да си дојдам. Најмногу време ќе поминувам со бебето, тука е мојата сверква, мојата мајка. Марко плачеше, тоа се емоции кои не може да се опишат, изјави Катарина.
Пејачката на „Инстаграм“ се пофали какво изненадување добила кога пристигнала во домот.
Имено, нејзиниот сопруг ја украсил собата со многу балони за сопругата и наследничката.
фото: ана денда/принтскрин/инстаграм/катарина грујиќ