Радио Милева за да тргне годината...

Лила Филиповска покажа како се чека Нова Година во интимна атмосфера за двајца: Твојот Дедо Мраз сум јас! (ФОТО)

Лила Филиповска покажа како се чека Нова Година во интимна атмосфера за двајца: Твојот Дедо Мраз сум јас! (ФОТО)

Празници се ближат, празници се нижат… Нова Година  е веројатно најубавиот, најпосакуваниот, најблескавиот, најбајковитиот… Испраќање на страта и дочек на новата, полна со желби, надежи, очекувања… За децата, а уште повеќе за возрасните.

И  едните и другите посакуваат Дедо Мраз да им го донесе она по што копнеат, па затоа секој има своја желба, слична, а сепак лична… Децата сигурно ќе го чекаат најдобриот дедо на светот да дојде во нивниот дом и под елката да им го остави очекуваниот подарок, а возрасните… Е кај нив може и поинаку.

Најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска реши да не му одзема од времето на Дедо Мраз, туку да им го остави на децата, па покажа како изгледа кога се чека Нова Година во интимна атмосфера за двајца… Пред и откако ќе се поклопат стрелките на часовникот во полноќ, кога твојот Дедо Мраз сум јас!

Претходно накитена елка, украсена и декориран ентериер на секој чекор во новогодишен декор, за атмосферата да биде навистина празнична, иако највозбудливото допрва следува…

Не, не е подарокот, или всушност е, ама не само оној материјалнот кој Дедо Мраз го оставил под елката за драгата и сакана особа. Она другото е всушност она вистинското, она што се дарува со неодолива возбуда, а потоа радоста се памети довека.

Затоа Лила покажа како треба да се изгледа во оваа  посебна прилика, за која  треба и посебна подготовка, или поточно комбинација на празнична облека, особено кога се работи за интимната… За лична самодоверба и комфорна зона на удобност, до степен на максимална возбуда на оној, со кој само вие двајца ќе ја чекате Нова Година.

Водителката стокмена од раменици до петици,  сво свилена наметка на високи потпетици, само по градник и гаќички покажа како треба да се биде свечено и секси облечена за интимен дочек на Нова Година.

Нежна, заводлива, сензуална, безвременска убавица, како секси дада мразица, подготвена за интимен дочек во 4 очи…

А штом ќе се поклопат стрелките на часовникот  и на полноќ ќе чукне првиот час… твојот Дедо Мраз сум јас!

Проверен рецепт како да се споделат новогодишните желби и честитки со љубовта и интимата… За да тргне годината!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

To top