Антониа Гиговска и 2Бона објавија нова песна „Хиена“ која за краток период на „Јутуб“ има речиси 200 000 прегледи.
Текстот на песната е на 2Бона и Тајзи, музиката е на 2Бона и Лазар Цветковски и аражманот е исто така на Лазар Цветковски, а за истата Антониа и 2Бона снимија видео запис.
Пејачката во спотот се појавува во фустан со отворен дел кај деколтето и гол грб кој одлично и стои на нејзината витка фигура и го истакнува нејзиното тело, посебно кога се ослободи од вишокот на килограми.
Антониа одлучи да направи хуман гест. Имено, таа истакна дека многу и се допаѓа фустанот и дека сакала да го задржи за себе, но поради голем интерес одлучи да го продаде на аукција и парите да ги донира во хуманитарни цели.
-Овој фустан е првиот Custom Made Design на мојата стилистка Викторија Бурсак .На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам.Изработен е од свила и е S конфекциски број.Парите сакам да ги донирам за Анета Јовановска што боледува од карцином.
Нема да бидат пари кои што ќе помогнат многу, но се надевам на нејзе ќе и значат.Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме! Затоа што не знам како се става нешто на АУКЦИЈА, Инстаграм и Facebook ќе ми помогнат ова да го видат онолку луѓе колку што ме следат. Ќе ми значи исто така ако ова го споделите и вие затоа што можеби оние кои што не ме следат ќе видат токму кај вас. Почетната цена е 10.000ден.
Ви благодарам многу, напиша Антониа покрај фотографијата.
Таа објави и фотографија од пред огледало за да покаже поубаво како изгледа фустанот.
Аукцијата ќе трае 10 – 15 дена. Оној што ќе понуди најмногу пари тој ќе си го земе фустанот. Кога е аукцијата во прашање тоа значи дека цената може да биде онолку висока колку што вие самите ќе ја одредите.
Почетната цена на фустанот е 10 000 денари.
фото: Мартин Трајановски/принтскрин/инстаграм/антониа гиговска