Тие се веројатно најпознатите естрадни близначки во Македонија. Своевремено мошне популарни, во златните времиња кога „жареа и палеа“ на музичката сцена, најпрвин во забавната музика со своите песни, хитови, фестивалски настапи… Подоцна и во фолкот, преку новосоздадената македонска народна песна. Нема кој не знае да запее барем еден од нивните некогаш големи хитови, денес евергрини… Од „Признавам, не можам без тебе“, преку „Ако не исчезнам“, па се до „Едно срце имам душо“ или „Свири ми брате, Цигане“…
Грст хитови, безброј настапи и долга кариера… Годините и општествените состојби сепак си го направија своето, па едната оддамна замина даживее и работи во далечната Австралија, другата полека го оставаше пеењето, ја напушташе музиката, посветувајќи и се на сосема друга работа.
Но, песните останаа, а меѓусебната поврзаност иако на огромна далечина, остана нераскинлива. Сестрите близначки, Маријана и Росана Сариќ деновиве славеа родеден. на дамите не им се бројат годините, но затоа им се гледа радоста, среќата, возбудата кои се евидентни колку и мосталгијата, желбата покрај сите убавини, еден ден повторно да бидат заедно една покрај друга.
Иако заеднички, заради временската разлика Маријана има можност прва да го слави роденденот, што и остава можност пак на Росана прва да и го честита, да ја искаже сета своја љубов кон својата сестра-близначка, сите емоции и желби, кои и овој пат прва и ги испрати пренесе преку емотивна роденденска порака на социјалните мрежи:
„Сестра моја, душо моја, сонце мое најсветло…
И пак после толку години за нашиот роденден не сме заедно, но ти знаеш декаси половина од мојата душа која е секогаш во мене… Мене пак утре ми е роденден и нека ни се множат годините… Кој би рекол заедно сега полниме 114 години, уф, не се малку…
Што да ти посакам драга моја сестро, освен здравје и среќа пред се, а се’ друго може да се надмести… Твојата позитивност и насмевка никогаш не ги тргај од лицето, а јас знам дека ти тоа го можеш… Биди спокојна зашто животот е само еден, нема реприза и е краток…
Те сакам повеќе од себе… Среќен роденден душо моја“ – и порача Росана на својата сестра – близначка.
Маријана не чекаше долго за да и ја возврати љубовта на ист начин преку своја роденденска честитка на Росана. таа во статусот на својот Фејсбук профил напиша:
„Среќен роденден сестро, сонце, душо и срце мое.
Нека и овој ден и секој нареден биде твој, секогаш исполнет со љубов, среќа и насмевка.
Ти си мое се’ “ – возврати Маријана додвајќи дузина емотикони во роденденската честитка до нејсината сестра.
Нека им се множат годините, радостите, среќните мигови, успесите…!