Времето лета, детацата брзо растат, ние старееме или поубаво звучи кога ќе се каже дека стануваме поискусни и го полниме својот багаж со животни искуства.
Во домот на македонската пејачка Тамара Тодевска со две мали деца секогаш е весело.
Имено, пејачката е активна на социјалните мрежи, па често знае да ги сними нејзините деца, ќеркичката Хана и синчето Дарен.
Овојпат, македонската пејачка имаше убав повод за славење. Имено, таа го прослави роденденот на синчето.
По тој повод, мама и тато организираа забава на која присуствуваа неколку дечиња, пријатели и роднини.
Тодевска на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии од роденденската атмосфера и покажа како наследникот ужива во забавата.
Имено, таа прво објави фотка од Дарен и Хана, а братчето и сестричката позираат еден покрај друг и изгледаат преслатко.
Тука беше и клонот кој ги забавуваше дечињата.
Дарен дуваше и свеќички за роденден…
На роденденот присуствуваше и кумот на Тамара, Дејан Манасков.
Славеникот пак беше облечен во преслатко одело со доза на елеганција, односно панталончиња, бела кошула, палто и чизмички и изгледа како вистински мал фраер.
Среќен роденден.
фото: принтскрин/инстаграм/тамара тодевска