Легендата на српското актерство Милена Дравиќ пред три години го напушти овој свет. Актерката најубавите години од животот ги помина со нејзината најголема љубов, актерот Драган Николиќ, но малку познато е и дека тој не и бил првиот сопруг на актерката.
Имено, првиот сопруг на Милена Дравиќ, режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ, кога биле млади, го освоил нејзиното срце и поминале неколку години во брак. Режисерот денес има 96 години и со истата возбуда како пред неколку децении зборува за покојната дива од неговото време.
Милена беше и остана најголемата љубов на Пуриша, но сепак по неколку години брачен живот следувал развод, а актерката повторно реши да му го каже судбоносното „да“ на еден друг режисер – Воислав Кокан Ракоњац. Тие беа во брак до неговата смрт во 1969 година, кога тој починал на 34-годишна возраст.
Покојната актерка подоцна ја нашла среќата покрај Драган Гага Николиќ, а нивната љубов велат се’ уште жива, зошто ни смртта не може да ја избрише.