Лепа Брена и Боба Живојиновиќ денес ( 7.12.2021) слават 30 години од бракот, а овој датум е посебен за семејството Живојиновиќ.
Свадбата на Брена и Боба беше прогласена за свадба на деценијата, а и ден денес се зборува и пишува за неа.
Tаа вечер поради свадбата на Брена и Боба беше прекинат „Дневник“ за да парот ги поздрави гледачите.
По повод годишнината, Брена на својот „Инстаграм“ сподели спомени од нивната венчавка во 1991 година.
Брена и објави видео направено специјално за ова прилика.
-Заљубеноста е хармонска состојба и треба да ја искористите до даска. А љубовта не треба никогаш да се потроши. Треба да се разликуваат овие две работи, а ние го научивме тоа. Затоа и толку траеме, напиша Брена.
View this post on Instagram
Парот од бракот ги има децата Виктор и Стефан. Брена вака ја опишува нејзината средба со Боба.
-Кога се сретнав Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека нема многу време за губење бидејќи нашите кариери беа во центарот на вниманието. Си реков на себе – или сега или никогаш. Се сеќавам се запознаваме по премиерата на филмот „Хајде да се волимо“ , изјави Брена.
Свадбата на Брена и Боба чинела околу 50 000 германски марки.
фото: принтскрин/инстаграм/лепа брена