Радио Милева поддршка

Јелена Карлеуша со емотивна порака до Ана Бекута: „Во нејзините зборови, често ја слушам мојата Дивна“

Јелена Карлеуша со емотивна порака до Ана Бекута: „Во нејзините зборови, често ја слушам мојата Дивна“

Српскиот политичар и партнер на Ана Бекута, Милутин Мрка Мркоњиќ почина на 79 години, а вчера (2.12.2021) беше погребан.

На погребот се појави и пејачката Јелена Карлеуша која  на „Инстаграм стори“, објави емотивна порака за нејзината колешка и пријателка Ана Бекута.

-Во овој живот полн со борба, лоши луѓе и лоши намери, малкумина се оние кои направија да не се чувствувам сама. На прстите можам да ги набројам луѓето кои ми се пријатели. Можеби јас сум виновна бидејќи сум чудна. Со текот на времето си поставуваш ѕид на одбрана. Ана Бекута лесно го прескокна тој ѕид. Жена за кој многу се поврзав бидејќи беше тука и во добро и во лошо како вистински пријател. Со чисто срце. Во нејзините паметни зборови, често ја слушам мојата Дивна. Благодарна сум што постои и тажна сум што сега и е тешко. Ме запозна со Мрка, беа толку многу среќни, заљубени како тинејџери до последниот ден, често се држеа за рака, ми се јавуваа на телефон да коментираме и да се смееме“, напиша Јелена, а потоа додаде уште детали за љубовта на Ана и Мрка.

-Тој секаде одеше со неа, ја подржуваше, ја штитеше и гледаше со гордост. Ги гледав со воодушевување бидејќи во мојот живот секогаш тоа ми недостигаше. Беше горда на него и тој на неа. Некои живеат цел век, но не ја доживуваат таа среќа. П.С ( Знам дека сега Мрка сега би прокоментирал нешто смешно и ќе ја насмее Ана од срце, онака како што се смееше покрај него). Ние две планиравме да му отвориме „Инстаграм профил“ и првата фотографија да биде како тој покажува среден прст на сите г*мна кои лајкуваа дека е лошо. Тоа беше моја идеја, не на Ана, таа само се смееше на моите идни планови. Сега кога повторно ќе размислам, потполно непотребна идеја Ана. Луѓето како Мрка оставаат трага, а овие другите се никој и на нив никој не се сеќава…Времето ниту една приказна не остава недовршена), напиша Карлеуша покрај фотографија на која цврсто ја прегрнува Ана.

фото: Ана Паунковиќ/инстаграм/ана бекута

To top