Марио Дедивановиќ, Албанец од Црна Гора, веќе 11 години е неразделен со најпознататасветска старлета, Ким Кардашијан.
Имено, еден од најблиските пријатели на најпознатата претставничка на кланот Кардашијан, Ким, е Марио Дедановиќ од Црна Гора, кој има албанско потекло.
Марио е роден во Њујорк, но често во интервјуата го истакнува своето балканско потекло. Неговото блиско пријателство со Ким се огледа и во тоа што во 2019 година таа му ја додели наградата за „најдобар уметник меѓу инфлуенсерите“.
По тој повод Марио за прв пат јавно кажа дека е хомосексуалец и призна дека неговиот интерес за светот на шминката бил пресуден за одлуката да го напушти семејниот дом.
Кога му ја врачи наградата, Ким истакна дека многу го сака.
„Работиме заедно 11 години, што значи – 11 години кавга. Нема да верувате како се караме, како да сме брат и сестра. Но, тој создаде некои од моите најубави спомени и верувам дека ме направи личност каква што сум денес. Го сакам“ – изјавила тогаш старлетата.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/makeupbymario