Лице в Лице сега преоритет и е албумот

Александра Пријовиќ проговори за проширување на семејството: „Засега не сакам близнаци, сакам девојче“

Александра Пријовиќ проговори за проширување на семејството: „Засега не сакам близнаци, сакам девојче“

Александра Пријовиќ располжена се појавила на прес конференцијата по повод настапот за Нова Година.

Се плашиш ли  оваа година настапите да бидат одложени како и претходната година поради короната?

-Мислам дека се ќе биде океј, но ако не биде, што ќе правиме. Тогаш ќе го чекаме следниот дочек.

Како изгледа кога нешто ќе те „исфрли од такт?

-Подобро да не знаеш. Јас сум личност која брзо се нервира, но и брзо се смирувам и доаѓам на себе.

Во кои ситуации Филип најмногу те нервира?

-Кога ме брза, бидејќи и на мене како и на секоја друга жена и треба повеќе време и најчесто се караме околу тоа. Како дека ќе биде крај на светот ако задоцниме 10 – 15 минути. Тој прв попушта во кавгите, ме пушта сама да се расправам со себе, а потоа на убав начин ќе ми каже што мисли.

А синот?

-Тврдоглав е на мене. Како тој ќе каже, нема шанси да биде поразлично. Тоа ме нервира и јас сум таква. Се мора да биде по негово. Јас повеќе викам, а кога Филип ќе се налути, тој се плаши.

Што се случува со Стефан, се зборува дека не е во добри односи со семејството?

-Знам дека повеќе не пее. Колку знам, супер е. Со Филип почесто се гледаат. Со сите се слуша и јас се слушнав со него пред некој ден. Повеќе не е на Бежаниска коса, се пресели.

Дали ја запозна ли новата девојка на Виктор, Лена?

-Не, но видов дека беше на слава. Не знам ни дали се заедно. Со Сандра се слушаме одвреме и навреме

Филип  и ти важите за еден од најскладните парови на естрадата. Сепак, често има има приказни дека имате кризи и дека сте пред развод. Дали те погодуваат тие приказни?

-Не, знам дека не е така.

Дали и понатаму се дружиш со Анастасија Ражнатовиќ?

-Да, супер сме. Некогаш одиме на ручек. Секогаш ни е убаво кога ќе одиме во провод. Слични сме.

Во какви се односи твоите родители?

-Коректни. Тие долго време не се заедно, но кога ќе се сретнат ќе се поздрават.

Дали сакаш да добиеш близнаци?

-Не знам, јас планирав две деца. Засега не. Сакам девојче. Сега преоритет ми е новиот албум кој треба да се појави во јуни.

Колку пати на ден се слушаш со Брена?

-Не се слушам секој ден, но се допишуваме.

Таа започнува нов бизнис, дали си и ти вклучена?

-Не, но се ми е познато. Сигурна сум дека ќе биде успешен.

фото: ана паунковиќ/инстаграм/александра пријовиќ

To top