Учесничка во „Задруга“ тврди дека имала афера со Аца Лукас, пејачот се огласи, па порача: „Кажете им дека имам сида, да видам која ќе се пријави дека била со мене“
Во медиумите често се појавуваат вести дека пејачот Аца Лукас имал афера со некоја старлета или учесничка во реално шоу.
Овој пат, од „Задруга“ се огласи Сања Грујиќ која тврди дека во Црна Гора имала незаборавна авантура со пејачот.
-Аца Лукас вози сино порше. Тоа возеше додека се дружевме. А мислам дека немам дозвола. Кога има возач, тогаш тој го вози со неговиот џип. Една ноќ многу се напивме. Господе, како Бог ме чуваше да не починам. Бевме пијани, го изгубив компасот. Беше утро, а јас во фустанче, луѓето појадуваат во ресторан, а на мене се се гледа, фустанот пука, ми се размачка и шминката, вели Сања.
По овие написи се огласи и Аца Лукас.
-Да, како да не? Веќе ми е мака секој да ме ставаат во уста и на телевизија и вака приватно. Не знам со која не сум бил. Позната, непозната, ваква, онаква, пејачка, старлета. Ќе објавам дека имам сида и да видам која ќе се огласи дека била со мене. Е, ај да видиме. Па до кога луѓето ќе ми праќаат снимки од реалити програмите. Мислат дека сум Ален Делон, но не сум. Наместо да лажат и да го спомнуваат моето име, лажат. Најверојатно се закачуваат за мене бидејќи сум популарен. Да сум женско никогаш нема да се „закачам“ со Аца Лукас. Јас ништо не им правам, но ниту се бранам. Не ги прифаќам сите понуди, не сум толку лесен маж, каже Вуксановиќ.
Инаку, ова не е првпат Аца Лукас да не го поврзуваат со некоја старлета.
фото: Соња Спасиќ/ Дамир Дервишагиќ/ Немања Николиќ/Марина Лопачиќ