Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска ужива во својата семејна идила.
Имено, Елена ужива во бракот со нејзиниот колега и исто така учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Гуте Маринковиќ. Тие од бракот го имаат синот Максим и секојдневно уживаат во заедничките моменти.
Елена и Гуте се активни на социјалните мрежи, па често објавуваат заеднички фотографии, покажувајќи како го поминуваат времето и посветувајќи си емотивни пораки.
Овој пат, сопругот на Елена, Гуте Маринковиќ еден месец пред Нова година откри кои се неговите желби откри следната 2022та.
Имено, тој објави фотографија на која позира заедно со Елена и синчето, а во описот напиша:
-Сакам следната година ова семејство да биде уште посреќно и понасмеано, напиша тој покрај објавата.
Елена под фотографијата остави коментар: „Моето сė“.
За потсетување, Елена и Гуте се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“ кога и двајцата беа под менторство на Ана Бекута. Набрзо по нивната врска тие се свршија, се венчаа и станаа родители.
фото: инстаграм/елена миленковска/гуте маринковиќ