Познатите јавни личности се активни на социјалните мрежи каде редовно постираат фотографии, селфи, рекламираат одредени брендови, ги известуваат следбениците за нивните активности, а понекогаш знааат да објават и фотки од архива и да покажат како изгледале некогаш или да се потсетат на детството.
Таква една фотографија сподели и една од најпознатите македонски водителки која имавте прилика секој ден да ја гледате на утринската програма на Канал 5 телевизија.
Имено, таа сподели фотографија од детството. Погодувате ли за која македонската водителката станува збор?
Се работи за Милена Антовска. Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија и покажа како изгледала во деството, односно и тогаш имала шишки какои сега: „Секогаш сум си сакала шишки“, напиша таа покрај објавата.
Инаку, Милена се повлече од ТВ екраните бидејќи е бремена и за наскоро ќе се реализира во улогата на мајка по вторпат односно повторно очекува девојче.
Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од своето трудничко стомаче и покажа како изгледа во 8- миот месец од бременоста.
„Терам накај 32 – ра недела“, напиша во описот на фотографијата.
За потсетување, Милена веќе ја има ќеркичката Лана Марија која наскоро ќе добие сестричка.
фото: Принтскрин/инстаграм/милена антовска