Откако сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ за курир.рс откри дека пејачката пред бракот со него имала лезбо акција со Нарциса од Виена, таа жена се јавила во редакцијата на курир.рс и открила се за аферата.
-Бев шокирана кога ја видов објавата во вашиот медиум. Не можам да верувам дека тој човек падна толку ниско да открива такви работи за мајката на две деца и уште да го спомнува моето име. Отогаш поминаа 10 години. Сакам да кажам дека тоа не беше некоја лезбо акција, како што тој кажа дека сме биле голи во кревет, туку само се бакнуваваме и галевме. Не мислам дека не е ништо лошо кога ќе се бакнат две жени, вели Нарциса Мусиќ.
Таа детално го опиша нивниот однос.
-Тоа беше пред да се омажи. Првпат дојдов на нејзин настап и таа ме гледаша цела вечер. Се смееше се додека не седна до мене. Се запознавме, се шегувавме, се беше нормално, без некое претерано мување. Бевме млади и луди. Јас никогаш не сакав да имам нешто со жени, но изгледа таа сакаше. Мислим дека сакаше да проба како е кога се бакнува со жена“ , вели таа.
На прашањето дали има секс, таа вели:
-Немаше работи на кои алудираше нејзиниот сопруг. Се галевме и бакнувавме. Не бевме голи. По таа вечер бевме во контакт уште една година и тоа беше тоа. Бев на нејзините настапи кога доаѓаше во Виена. Тогаш само се прегрнавме и тоа беше се. Таа не е лезбејка, сака мажи, само еднаш сакаше да проба. Баш се вознемирив поради изјавата на Душан, вели Нарциса и додава:
-Taња е една прекрасна жена и не ми е јасно зошто нејзиниот сопруг така и се одмаздува и се тоа го кажува во јавност. Многу лошо од негова страна, бидејќи и таа е родител. Во една прилика кога настапуваше во Виена го запознав Душан. Многу е љубоморен. Едвај се поздравивме. Се спаси од него. Толку од мене, заклучи таа.
Тања Савиќ не се огласи по повод овие пишувања.
фото: Дамир Дервишагиќ/ата имагес/приватна архива/принтскрин/инстаграм/тања савиќ