За поп-пејачката Викторија Лоба промоциите пред медиумите и соработниците станаа пракса, бидејќи како што вели оваа форма на промоција како да затаи на домашната музичка естрада.
Вчеравечер во еден скопски ресторан таа и раперот Тајзи ја промовираа заедничката „ Каде сме ние“ и спотот за истата.
За таа прилика Лоба како и секогаш блесна со својата нежна, а маркантна појава.
Облечена во бела сензуална комбинација од панталони и краток топ, а врз него бело сако од кое во прв план се истакна голото затегнато стомаче.
Дамата на вечерта не пропушти да направи неколку фотографии за социјалните мрежи, па и на своите пријатели и следбеници кои не беа присутни, да им покаже како изгледаше за оваа важна вечер за неа.