Тина Тарнер ја тужи германската пејачка која настапува со нејзини обработки бидејќи многу личи на неа.
Легендарната 81 годишна пејачка се одлучила на овој потег кога ја видела Доротеа Флечер која има 30 години и која настапува под шоуто кое го нарече по популарната песна на пејачката – „Simply the best“.
Адвокатот на Тина Тарнер во тужбата наведува дека Доротеа на промотивните материјали на шоуто премногу личи на познатата пејачка, па фановите може да помислат дека на сцената ќе се појави Тина.
View this post on Instagram
Судејќи по фотографиите, сличноста е огромна, па изгледа речиси идентично како Тина Тарнер во младите денови.
„Нереално, како двојнички се“, „Ова девојка навистина се потруди да личи на дивата“, „Нема ништо автентично кај неа, иста е Тина“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.
Германската музичка сцена чека да види во чија корист ќе пресуди судот, а таа пресуда може да ја промени целата сцена која се занимава со обработка на песни на музичарите.
фото:Tanjug/AP/Ray Stubblebine/instagram