Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, Лепа Брена постојано е на патување.
Откако со сопругот Боба Живојиновиќ се врати од Америка, пејачката повторно замина надвор од Србија.
-Јас сега често живеам во куфери. Мајами и Монте Карло се најчести дестинации каде одам, но сакам да дојдам во Белград да ги видам децата, пријателите, внукот, и да направам план за понатаму. Сега не патувам ниту во Америја, ниту во Монте Карло, станува збор за трета дестинација и не смеам да зборувам за тоа, но ќе можам на пролет“ вели Брена.
Таа не крие дека и годел периодот на пандемијата бидејќи имала многу слободно време и да ги прави работите кои досега немала време да ги барала.
-Каде и да одам, јас сум опуштена, а за тоа треба да бидете здрави во главата и тоа е суштината на мојата приказна. Секаде се чувствувам добро. Ми недостига публиката и песната, но многу ми годи овој одмор од една година. Да не беше овој одмор од една година немаше да можам да се посветам на здравјето и да се подготвам за нови предизвици“, вели пејачката.
-Работам на еден проект кој е поврзан со женската убавина и многу се радувам за тоа. Не размислувам да се повлечам од сцената, но првпат уживам во одмарот, но проблем ми е што сум научена многу да работам. Секогаш ќе се занимавам со нешто, мојот мозок не може да не работи, вели фолк ѕведата.
фото: е сток/промо/ата имагес