Радио Милева ќе му се исполни ли?

Во „Ѕвездите на Гранд“ му велеа дека од “грдото пајче станал лебед“, а тој сега се пресели во Белград да гради кариера и има огромна желба да сними дует со оваа пејачка

Во „Ѕвездите на Гранд“ му велеа дека од “грдото пајче станал лебед“, а тој сега се пресели во Белград да гради кариера и има огромна желба да сними дует со оваа пејачка

Мите Стоилков публиката го памети по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“

Имено, Стоилков настапуваше во сезона 2021 и стигна до финалето. Македонскиот пејач често од жирито добиваше критики дека  не е опуштен на сцената, но во последните неколку емисии, Мите направи промени, па жирито, посебно Карлеуша истакна дека е вистински фраер.

„Од грдото пајче стана лебед“: Мите Стоилков со својта појава во „Ѕвездите на Гранд“ ја шокираше Јелена Карлеуша (видео)

Мите беше под менторство на Вики Миљковиќ, а во финалето го освои четвртото место. Тој откри кои се неговите планови кога станува збор за музичката кариера.

-Конечно се преселив во Белград и сега работам на својата кариера, наскоро ќе стигне и песната“, вели пејачот за „Гранд онлајн“ и открива дека не му е тешко да живее во Белград.

Македонецот вели дека е среќен што бил дел од ова натпреварување, но вели дека не е тип кој се навраќа на минатото и не ги гледа своите настапи.

-Своите настапи ги гледав додека бев во натпреварувањето за да видам што можам да корегирам, а кога сме во друштво и некој пушти мој настап не сакам да гледам, не знам зошто тоа е така“, вели Македонецот.

Стоилков вели дека огромна желба му е да и сними дует со неговата менторка Вики Миљковиќ.

-Размислував за дует со Вики, но прво мојата песна, па после ќе видиме. Ние веќе зборувавме за тоа“, изјави финалистот од музичкото шоу.

Каква ќе биде првата песна на Мите и дали ќе му се исполни желбата да сними заедничка песна со Миљковиќ останува да видиме.

За потсетување, Стоилков победи во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“.

фото: З.К. Муња/Д. Милошевиќ/грандонлајн/инстаграм/мите стоилков

To top