Популарната пејачка Бранка Соврлиќ која важи за една од најбогатите пејачки на естрадата, откри како настанала познатата песна „Еј, Бранка, Бранка“ на Тома Здравковиќ.
-Таа песна не ја напиша Тома, туку Миша Марковиќ и тоа сосема случајно. Тогаш бев млада, почетник, само што ја објавив првата плоча. Јас тргнав за Ниш, а тој како добар колега ме однесе на станица“, изјави пејачката истакнувајќи дека се случило спонтано.
-Јас го прашав како ги пишува песните, како оди тоа, а тој ме погледна и кажа: „Еј Бранка, Бранка кој е крив поради нашата разделба (Еј Бранка, Бранка, кој е крив због нашег растанка) и ете како настана песната. Тоа беше некоја судбина. Тома поради таа песна имаше сто концерти“, изјави Бранка за „Гранд оналјн“.
фото: профимедиа