Фудбалерот Александар Митровиќ го постигна победоносниот гол на натпреварот на Србија против Потругалија во 90. минута и со тоа ја однесе репрезентација на Мундијалот.
Освен што е неверојатно успешен и неспорно најдобар голгетер, исполнет е и на љубовен и семеен план.
Убавата Кристина Јањиќ од Белград одамна го освои срцето на фудбалерот.
Во март 2016 година го добија првото дете синот Лука, а на крајот на 2017 година дојде и ќерката. Кристина е ќерка на познатиот српски тренер Александар Јањиќ, кој ги предводеше Рад, Јагодина, Вождовац, Јавор, Инѓија…
После долга врска и две деца, двајцата дури неодамна официјално влегоа во брак. Нивната венчавка се одржа во мирна, опуштена атмосфера, со многу романтика и интересна декорација.
Во Белград, парот на граѓанска венчавка се заколна на вечна љубов, а доказ за тоа се снимките кои се појавија на социјалните мрежи.
Како што објавија медиумите, откако матичарот ја прашала Кристина дали го зела презимето на нејзиниот сопруг и го добил одговорот „да“, таа се пошегува дека спортистот не треба ни да го прашува, со што ги насмеа присутните.
Митровиќ раскажа дека најубавото нешто што му се случило е тоа што рано основал семејство.
„Рано основав семејство и тоа е најубавото нешто што ми се случило и што сум го направил во животот. Чувството дека некој те чека дома секогаш кога доаѓаш од тренинг, натпревар или долги патувања е навистина нешто што ме тера да работам и да тренирам повеќе. Сега имам син кој еден ден ќе ме имитира и секако би сакал секогаш да слуша само убави приказни за неговиот татко. Растењето во Англија не е лесно, особено за нас кои доаѓаме од мала земја, но сигурен сум дека Лука, без разлика каде не носи фудбалот, ќе ги има сите услови за образование како и другите деца“ – изјави Александар пред неколку години.
„Сè ми се случи брзо. Но, најдоброто нешто што ми се случи беше тоа што добив дете. Тоа најмногу ме промени. Од коренот. Одеднаш повеќе не бев најважната личност, туку мојата сопруга, децата, семејството. Затоа секој слободен момент сакам да го поминам со нив. Навлегов во сè прилично млад, сето тоа паралелно со излегување, лудување и едноставно поминав низ сето тоа порано. Влегов во професионалниот фудбал на 15-16 години и полека се заситувам. Затоа ми е најголемо задоволство кога сум дома со семејството“ – истакна во една прилика Митровиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/mitrovic__kristina/svadbenazvona