Филмот „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија.
Освен животот на пејачот, се обработува и неговата музика која за филмот ја компонира познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ.
„Тома“ го освои регионот, па руши рекорди на гледаност. Позитивните коментари за филмот не стивнуваат.
Филмот не ги освои само генерациите кои живееле во тоа време, туку и помладата популација кој бара карта плус да го гледа фимот во кино.
Песната „Поноќ“ во изведба Ацо Пејовиќ и Сузана Бранковиќ е вистински хит и периодов е една од најслушаните песни.
Многумина снимија дел или кавер од песната која не престанува да се слуша и да се пее.
Македонската пејачка Антониа Гиговска на својот „Инстаграм“ објави видео на кое го пее делот на Силвана односно Сузана и побара оценување.
-Уште ми е еден од најубавите филмови. Мераклии на кафана сакам оценка во коментар“, напиша таа.
View this post on Instagram
Под објавате се нижеа позитивни коментари за Гиговска. Меѓу оние кои прокоментираа беше и токму Аца Пејовиќ кој ја пее песната.
-Браво малечка, напиша тој под фотографијата, а Антониа врати – „Татичко мој“.
Како ви се допаѓа како Антониа ја пее „Поноќ“?
Инаку, Гиговска учествуваше во „Пинкови ѕвездички“ каде што со својот талент и музика го освои како и жирито, така и публиката во регионот.
фото: Стефан Николовски/принтскрин/јутуб/инстаграм/антониа гиговска