Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и 24 годишната Валери Димовска од Скопје.
Валери за првиот круг на натпреварувањето се претстави со песните „Хајде она ништа“ од Тијана Богиќевиќ и „Волим те“ од Анастасија Ражнатовиќ.
Македонката ги освои сите шест гласа од жирито, односно таа беше и единствена во емисијата која доби вкупно шест гласа.
Според новите правила, кандидатот кога ќе добие вкупно шест гласа тој има право да го бира својот ментор.
-Бидејќи имаш шест гласа, не може никој да се повлече, ти ќе си го бираш својот ментор. Јас знам кого ќе одбереш и еве ќе забележам“, изјави Поповиќ.
-За свој ментор го бирам Ѓорѓе Давид, изјави Валери и со овој го изненади Саша Поповиќ кој беше убеден дека македонската кандидатка ќе ја одбере Марија Шерифовиќ.
Од друга страна, Вики Миљковиќ беше убедена дека Валери ќе ја одбере Цеца Ражантовиќ бидејќи скопјанката пееше песна од нејзината ќерка Анастасија.
Како Ѓорѓе Давид ќе ја подготви македонската кандидатка и како ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.
Инаку, оваа година во „Ѕвездите на Гранд“ во првите неколку круга настапуваат кандидати кои досега немаат учествено во регионалното музичко шоу и се првпат на сцената на Гранд.
Настапот на Валери може да го погледнете во видеото подолу на 4:11
фото: З.Муња/Лука/Ели/гранд онлајн/принтскрин/јутуб/звезде гранда