Радио Милева бракот „на тапет“...

Прија одговори на чаршиските муабети за бракот со Филип: „Не е прв пат, веќе неколку пати ме разведоа“ (ФОТО)

Прија одговори на чаршиските муабети за бракот со Филип: „Не е прв пат, веќе неколку пати ме разведоа“ (ФОТО)

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ уживаат во семејната идила заедно со синот Александар со кој живеат во луксузна вила на Бежанијска коса.

Иако нивниот брак е еден од најхармоничните кога се во прашање јавните двојки, што и самите понекогаш го истакнуваат и го покажуваат на социјалните мрежи, тие често се мета на разни медиумски приказни, кулоарски озборувања и чаршиски муабети, меѓу кои и тазе приказната  за нивниот наводен развод.

 

Запрашана за состојбите во бракот со Филип, атрактивната Прија само кусо одговори:

„Веќе многу пати не разведуваат. Кога првпат почнавме да се забавуваме, на секои неколку месеци не вереа, сега не знам колку пати не разведуваат, доста е веќе“ – коментираше Александра за чаршиски приказни околу нејзиниот брак.

Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijovic

To top