Бракот на една од најатрактивните актерски парови Бурак Озџивит и Фахрие Евџан често е мета на турските медиуми. Иако парот, како што тврдат, ужива среќен брак и воспитување на нивниот син Каран, тие честопати се придружени со наслови за брачната криза и разводот.
Медиумите ги разведоа неколку пати, а турскиот пар сега се одлучи да стави крај на шпекулациите.
-Не се разведуваме, порачаа Бурак и Евџан.
Тие им ја затворија устата на злите јазици со фотографија на која појадуваат во природен амбиент, а главен на објавата е нивниот син Карен.
=Среќни сме. Не верувајте на разни приказни, лага е дека се разведуваме.
Актерот и неговата сопруга ова лето прославија 4 годишнина од бракот. Иако претходно не се огласуваа по повод разни шпекулации, овојпат одлучија да направат исклучок и ставија крај на приказните.
фото: Инстаграм