Радио Милева бесплатен настап

Карлеуша и Шерифовиќ првпат се сретнаа откако Јелена ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а еве кој е поводот

Карлеуша и Шерифовиќ првпат се сретнаа откако Јелена ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а еве кој е поводот

Jeлена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Познато е дека Марија и Јелена за време на натпреварувањето станаа добри пријателки и беа вистински „тандем“ во шоуто.

По заминувањето на Јелена, двете пејачки сега првпат се сретнаа (барем јавно) и тоа со посебен повод.

Имено, Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Сара Јо ќе пејат заедно за дочекот на нова година.

Пејачките се сретнаа за да одржат пред конференција по повод нивниот настап.

-За Нова Година ќе пејам во Белград, морам да признам дека не беше тешко да одберам концерт без хорнорар бидејќи немав концерти полни две години. Ви благодарам на поканата и што не одбравте не нас. Секоја личност од 18 до 60 години ќе има прилика да слушне она што го сака, многу се радувам и ги повикам сите оние кои што го сакат она што го работам да дојдат во Белград“, изјави Шерифовиќ на конфернацијата за медиумите.

Карлеуша на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира со Марија и Сара Јо, а во описот напиша:

-31.12.2021 пред Народното Собрание, напиша пејачката.

Сите три пејачки ќе пејат бесплатно односно без хонорар за Нова Година.

 

To top