Радио Милева горд татко

Мирко Шијан гордо се пофали со синчето: Малечкиот е уште отсега патриот, „Србенда“ од мали нозе!

Мирко Шијан гордо се пофали со синчето: Малечкиот е уште отсега патриот, „Србенда“ од мали нозе!

Синот на српската пејачка Гоца Божиновска, Мирко Шијан е горд татко, а тоа го докажува преку честите фотографии кои ги објавува од синот на својот Инстаграм профил.

Овој пат Шијан беше воодушевен од тоа што го направи неговиот син Зоран, па веднаш се пофали со следбениците за да видат за што станува збор.

Имено тримесечното бебе покажа три прста, асоцијација со која Србите алудираат на Србија заедно со Косово и Република Српска.

Шијан на фотографијата сподели и песна „Пеј Србијо“ од Баја Мали Книнџа, а го додаде и српското знаме.

Да потсетиме, Мирко Шијан и Бојана Родиќ го добија синот на 9 август годинава!

Фото: Инстаграм принтскрин/ miresijan

To top