Многу пејачи се прославија во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое трае 17 години.
Иако често се зборува и шпекулира дека шоуто е наместено, водителот Воја Недељковиќ проговори на оваа тема.
-Мене ме прашуваат дали е наместено и колку е договорено, а јас им кажувам дека овде само е наместено да се има добра програма и дека луѓето ги туркаат своите кандидати. Нема сценарио, нема текст, нема планирани ситуации и да се договорат што ќе кажат. Може да ставам рака на Библија и да се заколнам дека нема договор околу кавгите“; вели Воја.
Инаку, тој неколку емиси отсуствуваше од музичкото шоу бидејќи беше позитивен на коронавирус.
За потсетување, оваа сезона Јелена Карлеуша замина од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде пејачката Цеца Ражнатовиќ.
фото: александар јовановиќ чиле/принтскрин јутуб гранд магазин/з.к муња/инстаграм/звезде гранда