Сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, добил понуда да ја продаде своја империја на една американска компанија, пренесуваат српските медиуми.
Американската група „ККР“ на Митровиќ му понудиле 500 милиони евра за превземање на компанијата, меѓутоа тој не прифатил. Сепак, размислува за продажба на своите канали во Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Жељко закажал итен состанок на сите одбори на Пинк, на кој ќе бидат донесени важни одлуки за иднината на компанијата.