Јелена Карлеуша дефинитивно е кралица на скандалот. Таа знае како да го привлече вниманието и сите очи да бидат вперени во неа, без оглед каде се наоѓа, по каков повод е дојдена, со каква причина се појавува: само како гостинка или да настапува.
Така беше и пред неколку дена кога Јелена се појави на јубилејната прослава на една позната фирма во Белград, каде освен тоа што беше гостинка, пејачката имаше и свој настап.
И покрај значењето на моментот кој беше далеку од чисто естрадна природа, русокосата облечена во прекрасен длабоко деколтиран црвен фустан, сечен до колкот од едната страна, кој повеќе отркиваше отколку што покриваше.
Покрај долгите нозе, во преден план дојдоа нејзините гигантски гради и црвените гаќички кои ѕиркаа одоздола од под фустанот за време на настанот.
Но и покрај тоа, Крлеуша свесна за својата заводлива убавина и неодолив сексапил си ја истера вечерта во свој стил, и ниту „пет пари“ не даваше за она што од под фустанот ја издаваше.
Впрочем, „кралицата на скандалите“ отсекогаш знаела како да ги извлече парите од оние од кои треба, па затоа ако се гледа- нека е гледа… Кога веќе има што да се види!
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar