Дамјан Димевски (19) од Скопје со песните „Сонце не ме грее“ и „Срце није камен“ се претстави во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“:
Дамјан освои само еден глас односно од Ѓорѓе Давид.
-Многу е сладок и шармантан“, изјави Снежана Ѓуришиќ, а Ѓорѓе Давид истакна дека овој кандидат учествувал пред неколку години во музичкото шоу и тој му бил ментор.
-Толку беше досадно, ти пееше коректно, но ако нечија интерпретација не може да ме допре додека не го гледам кандидатот, тогаш тоа не е ништо, изјави Марија Шерифовиќ.
Цеца кога го виде македонскиот претставник, се покаја што не му даде глас на Дамјан и се обиде да го спаси, односно да го земе во нејзиниот тим.
-Јас го сакам овој кандидат“, викаше Цеца.
-Кој ти беше проблемот да го притиснеш тастерот, сега не може“ револтиран беше Поповиќ.
Продукцијата беше таа која требаше да ја донесе конечната одлука односно Александар Милиќ Мили го имаше последниот збор, тој требаше да одлучи да Дамјан ќе оди во вторит круг или не.
Тој прво се повика на „помош на пријател“ односно публиката која беше за тоа скопјанецот да продолжи во „Ѕвездите на Гранд“.
-Навистина си роден за сцена. Изгледаш топ, како Рики Мартин и ретко кој во првиот круг сака да игра“, изјави Мили и се даде „да“ односно го спаси Димевски кој ќе оди во вториот круг.
Како македонскиот претставник ќе се подготви и ќе помине во следната фаза од шоуто остануваме да видиме.
Инаку, Дамјан во 2019 година учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ и стигна до вториот круг.
„Ти благодарам што не ме разочара“: 16 – годишниот Македонец растури во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Неговиот настап погледнете го видеото подолу на 2:28:31.
фото: З.К.Муња/Е Срдиќ/принтскрин/јутуб