Откако во јуни Каролина Гочева ја објави песната „Идила“ со која го најави својот нов албум кој ќе биде составен од преработка на најубавите македонски евергрини, пејачката сега ги израдува фановите со ново музичко дело насловено како „Крв да ни се стори“ која ја отпеа со Бранислав Николов од групата „Фолтин“, познат како Пијан славеј.
“Крв да ни се стори” е танц на копнеење во двојка…од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино.
Музиката и текстот е на Бранислав Николов, аранжманот го потпишува Дуке Бојаџиев,
Kaко продуценти се потпишуваат: Дуке Бојаџиев, ОХО продукција и Ивица Јанкуловски.
Во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев и продуцентот Ивица Јанкуловски.
За потсетување, Каролина Гочева кога пред три години го издаде својот албум „Извор“ наиде на одличен фидбек од македонската публика, па освен што ги воодушеви старите фанови, таа се здоби со нови обожаватели.
Песните „Ти не дојде“, „Бели цветови“, „Ѕвона“, „Нема песна за мене“ најдоа пат до публиката и се уште се слушани и барани меѓу луѓето.
Во продолжение слушнете ја „Крв да ни се стори“
фото: принтскрин/јутуб/инстаграм/маја аргакијева