Скопскиот бенд „Фанк шуи“ во среда, на 25 април 2018 во клубот „Станица 26“ ќе го промовира своето ново издание насловено „Импулс“. На промоцијата, Лука, Давид и Мики во живо ќе ги изведат новите два сингла – „Стаклени нозе“ и „Виулица / Сомнежи?“, кои се дел од новиот албум кој е во подготовка и треба да излезе годинава, како и музика од нивните претходни изданија.
„Фанк шуи“ е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред осум години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца млади генијалци кои создаваат своја лична авторска музика.
Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите, за медиумите, како и мал број на фанови на „Фанк шуи“.