Овој месец многу се актуелизираше околу концертот на Сека Алексиќ, која имаше закажано една недела концерт пред Дара Бубамара во „Штарк Арена“.
Се пишуваше која од нив ќе направи поголемо шоу и кој ќе се собере поголема публика. А исто така се пишуваше и за кавгата меѓу двете пејачки, односно зошто Сека “намерно “закажала концерт пред Дара.
И двете ја наполнија Арена, но Дара Бубамара имаше посебен перформанс и направи вистински светски спектал.
По завршените концерти на двете музички ѕвезди се огласи и Марија Шерифовиќ.
– Апелирам сега кога сите имавте успешни концерти да се смират и да животот биде убав, напиша пејачката на „Инста стори“, мислејќи на Сека и Дара, кои некогаш важеа за најдобри другарки, иако Дара во една емисија из јави дека нема повеќе да биде пријателка на Сека.
А Шерифовиќ ќе одржи концерт на 24 мај во „Штарк Арена“.