Радио Милева соседите проговорија

Мајката на Дарко Лазиќ загрижена поради неговата врска со Барбара Бобак, се плаши да не ја снаде истото како и бившите снаи

Мајката на Дарко Лазиќ загрижена поради неговата врска со Барбара Бобак, се плаши да не ја снаде истото како и бившите снаи

Пејачот Дарко Лазиќ не се смирува, а неговата мајка поминува низ агонија поради него, тврдат соседите на пејачот.

Неодамна Дарко Лазиќ и Барбара Бобак со една објава на социјалните мрежи ги подгреа приказните дека очекуваат принова,а наводно неговата мајка е загрижена бидејќи пејачот планира трета сведба иако и покрај тоа што Ана Севиќ му испратил извршители на врата поради долг од милион евра, а допрва започнува и судењето со Марина Гагиќ за старателството над синот Алексиј.

Соседите на пејачот од Брестач тврдат дека Бранка е потполно шокирана од веста бидејќи ова е третпат како го гледа истото сценарио на синот.

-Бранка е многу загрижена. Иако е среќна како и секоја мајка. Таа најмногу е загрижена затоа што Дарко зад себе веќе два пропаднати брака и две деца за кои треба да плаќа алиментација. Трошоците се собираат, па Бранка се плаши дека Дарко ќе работи само за алиментација. Недај Боже и на Барбара да и се случи исто како и со претходните две снаи“, вели една сосетка.

Потсетуваме, Барбара неодамна објави фотографија на која напиша дека јаде за двајца, па започнаа шпкеулациите дека е бремена.

Парот не се огласи по повод овие пишувања.

фото: Принтскрин/инстаграм/тв пинк

To top