Радио Милева болна

Цеца Ражнатовиќ не се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – ова е причината и еве кој ја замени

Цеца Ражнатовиќ не се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – ова е причината  и еве кој ја замени

Пејачката Цеца Ражнатовиќ од оваа сезона е новиот член на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Цеца дојде наместо Јелена Карлеуша која го напушти шоуто за да се посвети на промоција и издавање на нејзиниот нов албум.

Екипата речиси секојдневно снима нови емисии, а Ражнатовиќ не се појави на снимањето, па ја замени Ивана Петерс која ќе биде дел од нејзиниот тим и заедно ќе ги подготвуваат кандидатите за следниот круг.

Како што велат од продукцијата, Цеца не се појавила на снимање поради настинка, не станува збор за корона.

„Цеца не можеше да дојде на снимање. Ја фати тешка настинка. Дури и гласот го изгуби. Додека да оздрави, наместо неа во жирито ќе биде Ивана Петерс“ велат од „Гранд“.

Инаку, неодамна ја прашаа пејачката како ќе реагира доколку Јелена Карлеуша се појави во музичкото шоу, но таа не сакаше да одговори на прашањето и истакна дека не треба да се прави проблем таму каде што го нема.

фото: Инстаграм/З. К Муња/ атаимагес

To top