Радио Милева се огласи

Сопругата на Алек Болдвин се огласи по убивство на сет: „Моето срце е со Халина“

Сопругата на Алек Болдвин се огласи по убивство на сет: „Моето срце е со Халина“

Хиларија Болдвин, сопругата на Алек Болдвин, се огласи по трагедијата која се случи на сет на која актерот ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс.

По тој повод, сега се огласи и сопругата на Болдвин.

„Моето срце е со Халин. Нејзиниот сопруг. Нејзиниот син. Нивното семејство и саканите. И со мојот Алек. Тажно е. Немам зборови затоа што е невозможно да се изрази шок и болка во срцето поради оваа несреќа. Губење. Поддрашка“, напиша Хиларија во постот.


За потсетување, на сетот на снимањето на филмот „Rust“, Алек Болдвин ја усмрти Халина Хачинс откако му бил даден пиштол во кој се наоѓале вистински метаци. Режисерот Џоал Суза исто така беше повреден и неколку дена помина во болница.

Пиштилот на Болдвин му го дал режисерот,Дејв Халс и му кажал дека е „ладен“ односно празен. Алек во моментот на несреќата вежбал извлекување на пиштолот од футрола.

фото: Профимедиа

To top