Македонската пејачка Елена Миленковска го живее својот сон. Откако се реализираа како родители со нејзиниот сопруг и колега Гуте Маринковиќ кого го запозна и во него вљуби во „Ѕвездите на Гранд“, животот им доби сосема нова димензија.
Сега светот се врти околу малиот Максим и речиси се’ е подредено на него, целиот живот на семејството чија среќа навистина е може да се гледа низ розови очила.
Во моментов обоен во илјада златно – жолти и кафени бои, боите на есента во која Максим и мама Елена покажаа како се ужива.
Валкање во паднатото лисје како приказна за среќата во неколку есенски фотографии… за среќа до бескрај!
А штом дојде есента, разбирлио времето застудува, а зимата е во најава… Кога е зима, се менуваат многу нешта. Се менува времето, температурите, се менуваат гардербата и обувките во зимски… Арно ама, се менува и уште нешто и тоа не само на себе туку и на автомобилот.
Претпоставувате, во прашање е вообичаената замена на летните гуми со зимски. И тоа додека е време, пред сериозно да застуди, да фати првиот мраз или падне првиот снег. Тоа го знае секој совесен возач, ама и тој… Иако не вози, туку засега само го возат!
Ама тоа не значи дека нема да оди да ѕирне, да види, ако треба и да се помачи, за уште отсега да научи, како тоа се прави… Малку од од желба и тој да помогне, многу повеќе од љубопитност, но како и да е тука е, во гаражата… Како во боксот на Формула 1.
Малиот Максимфатил ги стекнува работните навики уште отсега, а и фатил да го учи занаетот на време. Можеби бандажот и гумата за него сега се претешки, ама затоа раткапната може да ја носи и пешки.
А потоа „мајсторот“ да ѕирне дали е се во ред со полуосовините, спојките, летвата, дисковите, шепата, плочките… комплетната предница сосе системот за кочење. Безбедноста отсекогаш била на прво место нели, а потоа штом „мајстор“ Максим процени дека добро е, дај друго дете… Да ја монтира зимската гума… Ма и двете!
Гледа дете дека од музика се’ потешко се живее, па за да заработат некој денар/динар/евро… мама, тато, музичарите, се’ повеќе „се козат“, а коли се возеле и уште долго ќе се возат.
Епа, секоја чест Максиме, алал вера мајсторе… брзо сфаќаш како е!
Фото: Инстаграм принтскрин/elenamilenkovskaa