Радио Милева искрен

Шако Полумента си ја отвори душата и откри непознати детали од неговиот љубовен живот: „Имав многу љубовници, за тоа знае и мојата сопруга“

Шако Полумента си ја отвори душата и откри непознати детали од неговиот љубовен живот: „Имав многу љубовници, за тоа знае и мојата сопруга“

Пејачот Шако Полумента си ја отвори душата и откри непознати детали од неговиот живот. Тој призна дека ја изневерувал сопругата, но и дека таа знаела за сите негови неверства.

„Имав многу љубовници, за тоа знае и мојата сопруга. Таа и јас не бевме заедно 4 години. Од 1995 до 2010 бевме заедно, но потоа ставивме крај. Добивав сè и сешто од љубовниците, девојките…На никоја не кажав дека сум оженет“ вели Шако.

„Не сакам да ја понижувам мојата сопруга, таа цел живот ми е нешто свето. Имав љубовница по 2010 година, не се каам, ми беше убаво. Нешто не функционираше во тој момент, но мојата жена е моја жена, таа е јунак. Љубовниците се жени кои ги поздравувам, ние и денес ќе се сретнеме, ќе поразговараме“, додава тој.

„Имав една убава врска со една девојка која ми значеше. Се надевам дека таа е добро. Кога се вратив со сопругата, сфатив дека тоа е жена со која не сакам да продолжам понатаму. Се будам на Ади Бојана, а децата и сопругата се во Будва. Се будиш, имаш се, немаш ништо. Зошто сум оставен? Најмногу сакам да се вратам во времето кога бев спортист и да ја држам својата љубов за рака. Животот ми удри шлаканица, но сум посилен од животот“ вели Шако, а неговата сопруга била многу повредена поради се низ што поминал.

Тој проговори за неговиот роднина Дадо Полумента и откри во какви се односи.

„Дадо е дел од мојот дом и мојата душа. Мојот брат е негов татко. Јас секогаш велам дека тој е моето сè. На него најмногу помогнав. Тој никогаш не зборува за нашиот однос кога ќе го прашаат, но би сакал да слушнам и од него“ изјави пејачот за емисијата „Премиера“.

фото: принтскрин/инстаграм/шако полумента/ јутуб/премиера

To top