Пејачот Павле Камилоски ја промовирше својата нова песна „Универзумот си работи за нас“.
Музиката, аранжманот и текстот ги потпишува неговиот колега и автор, Александар Тарабунов, кој ја изработил и постпродукцијата.
Песната е визуелизирана со црно-бело видео во режија на Александар Ристевски -Принц.
Во видеото покрај пејачот главната женска ролја ја има и македонската манекенка и топ модел, долгоногата Бојана Нушкова, која повеќе од убедливо и мошне автентично си ја одиграла својата улога.
Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога „Универзумот си работи за нас“.