Промотер

“Ах мори Магде” е најновата песна на нашиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, младиот Александар Tемелков (ВИДЕО)

“Ах мори Магде” е најновата песна на нашиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, младиот Александар Tемелков (ВИДЕО)

Младиот македонски фолк пејач Александар Темелков, кого пошироката публика го запозна и по учеството во неколку регионални музички натпревари меѓу кои и „ѕвездите на Гранд“,  полека но сигурно ја гради своја кариера. Тој веќе има неколку авторски песни позади себе и е блиску до реализација на својот прв албум.

„Ах, мори Магде“ е  неговата најнова песна за која стиховите ги напишала  младата Ангела Стрезовска, а музиката и аражманот се на Славко Ристески.

Песната е снимена во студиото „просаун продакшн“ во прилеп, а ртрубата во песната ја свири познатиот Филип Нуне.

Александар под покровителство на „Ин продукција“ сними и видеозапис за оваа песна, која деновве го промовираше во етерпот и на Јутјуб каналот.

Како звучи и изгледа „Ах мори Магде“ проследете во продолжение:

To top