„Жештината попушти“ – што би рекле некои, иако сонцето денививе по малку срамежливо ѕирка низ облаците, па по неколку часа знае и да не огрее. Но, секако далеку од она што беше летоска се разбира, зашто зимата е на прагот и се наѕира, а студот полека почнува да се најавува и да навира.
И како што е редот, кога е лето на сите ни е пеколно жешко, а штом малку застуди, сонцето толку многу ни недостасува… И неговата топлина, златните зраци и темниот тен. На сите па и на неа, Јелена Карлеуша, која јавно се пожали, колку сонцето и фали.
View this post on Instagram
Имено српската поп-фолк дива сподели жешка“ фотографија од летоска, на која Карлеуша и себе си и нас не потсети на плажата во Бодрум, каде позираше во „најмалото бикини на светот“, како што некој го нарече, она што русокосата на себе тогаш го облече.
Провокативна до ниво на перверзија, белградската „мала од скандала“ сега одново предизвика „(с)експлозија“, потсетувајќи колку може да биде жешка.
И таа и летото кое сега на сите ни фали…
И нам, како и на Карлеуша на која и фали и сонце и темен тен, ама затоа не и недостасува да споделува „голи секси пози“, секој ден!
Фоо: Инстаграм принтскрин/karleusastar