Водителката Јована Јеремиќ во емисијата „Папарцо лов“ изјави дека пејачката Тања Савиќ е во врска со политичар од Босна.
По оваа нејзина изјава започна да се пишува за тоа кој е тој политичар, а наводно станува збор за градоначалникот на Бањалука, Драшка Станивуковиќ.
По овој повод, за телеграф.рс се огласи и сопругот на Тања Савиќ кој бил изненаден од веста за наводната афера меѓу пејачката и политичарот.
„Првпат слушам од вас. Тања и јас се уште сме во брак. Мислам дека прво требаше со мене да расчисти, па тогаш да започне нова врска. Ако тоа е вистина, тогаш тоа многу зборува за нејзиниот карактер, тоа се жени без морал. Се останато ви е јасно“, изјави Душан.
Инаку и Тања Савиќ се огласи по пишувањата дека имала нешто со Драшка.
„Не сакам да коментирам ништо. Ништо. Ни да демантирам. Мене тоа ми смешно. Само „no comment“, мислам дека тоа е најпаметно. Ако повторно нешто изјавам, знаете тоа ќе биде ова….Навистина немам коментар за ова Јована Јеремиќ“ изјави пејачката.
На конкретното прашање дали била во врска со Драшко, Тања вели:
„Господе, какво е тоа прашање, имам ли јас право да ја зачувам својата приватност и да не изнесувам детали за мојот приватен живот? Не морам да одам на полиграф. Вие пишувајте, тоа ви е работа. Ако имате докази – почитувам, ако немате – и тоа го почитувам. Што и да кажам ќе биде разберено на друг начин, а кој зборува за туѓиот живот, зборува за себе. Посебно ми беше интересна она нејзина реченица: „Симни се од Курт, качи се на Мурт“. Тоа е некое нејзино мото? Тоа сакав да кажам, но сепак не сакам со никој да бидем во конфликт“, изјави Савиќ за телеграф.рс
фото: Никола Томиќ/јутуб/вести српске/инстаграм/тања савиќ/